Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Причини за загуба на слухот
Постојат многу причини за загуба на слухот.
Направете краток преглед на вашиот слух,
без разлика дали се работи лично за вас или некој ваш близок.

Слушајте постојано

Го слушате само она кое сте во можност да го слушнете. Тоа е причината зошто звуците кои ги слушате сметате дека се правилни и навидум добри и покрај тоа што веќе вашиот слух почнал да се оштетува. Вистината е дека вашиот мозок едноставно се прилагодува кон новата ситуација и компензира за ослабените сигнали кои доаѓаат од ушите. По некое време  вашиот мозок ќе заборави звуцитеда слуша, бидејќи нема да се сеќава на звукот на зборовите.

Загубата на слухот може да настане како резултат на оштетување на било кој од следниве делови:

 

Надворешно уво

Типичните проблеми со надворешното уво (outer ear) предизвикуваат тампони за уши од восок и иинфекции на аудитивниот канал. Обично, решавањето на овие проблеми е многу лесно. Но,важно е да се дејствува брзо со цел да се избегне оштетување на слухот.

Средно уво

Воспалението, течност зад ушното тапанче, перфорациите на ушното тапанче и отосклероза (заострување на коските во средното уво) се најчестите проблеми кои ја спречуваат правилната функција на средното уво (middle ear) . Повеќето од проблемите кои се предизвикани од надворешниот и средното уво  можат да се решат ефикасно со лекови или операција. Доколку тоа не е можно, трајното губење на слухот може да биде компензирано со слушно помагало во повеќето случаи..

Внатрешно уво

Најголемиот број прашања кои се поврзани со слухот  се однесуваат на внатрешното уво (inner ear). Најчеста причина е природниот процес на стареење. Но, гласната бучава, користењето на некои видови на лекови, или фрактури на черепот, исто така, може да има негативно влијание способноста на лицето да слуша. Овие влијанија ги оштетуваат клетките и  влијаат на преносот на сигнали до аудитивните нерви. Обично, загубата на слухот во овој случај,не можат да се решат оперативно. Сепак, овој вид на губење на слухот може да се коригира со слушно помагало во повеќето случаи.

 

Загубата на слухот предизвикана од  дефект на надворешното или средното уво се нарекува кондуктивна загуба на слухот. Оштетување на внатрешното уво, се нарекува сензоневрална загуба на слухот. Ако и двата вида се појават заедно, состојбата се нарекува мешано губење на слухот.

Откријте го патот до подобро слушање

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions