Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Слушни помагала кои се полнат

Нема повеќе употреба на батерии, нивно полнење или менување. Новите Phonak слушни помагала поседуваат технологија на полнење, во комплет со безжична футрола-полнач, која ја носите секаде со Вас. Главни карактеристики:

Нова технологија

Phonak слушните помагала на полнење се први кои имаат специјално дизајнирана вградена литиум-јонска батерија која може да се полни, и која обезбедува 24 часовно слушање, вклучувајќи неограничен стриминг. Со 40% поголема моќност од конвенционалните батерии за полнење, литиум-јонска батерија е сигурна и способна за поддршка на супериорната технологија и перформансите на Phonak слушните помагала.

Супер брзо полнење

Овие слушни помагала се полнат навистина брзо и му овозможуваат на корисникот 24 часа квалитетно слушање со полна јачина и моќност. Доколку се брзате, можете да ги наполните кратко, 15 минути кои ќе Ви овозможат 3 часа непрекинато работење со целосни перформанси. Нивната употреба е исклучително лесна и практична, бидејќи ги носите и полните секаде со Вас.

Целосно автоматски за одлично слушање 

Овие помагала, кои работат на оперативниот систем AutoSense OS, беспрекорно се прилагодуваат на звуците каде и да сте. Без рачно да ги прилагодувате Вашите слушни помагала, можете да уживате во неверојатната ефикасност и перформанси кои ги нудат за природно слушање во секоја средина.

Долготрајни

Трајноста на батеријата за полнење е до 6 години.

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions