Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

КРАТКИ СОВЕТИ ЗА СПОРТУВАЊЕ СО СЛУШНИ ПОМАГАЛА

Современите слушни помагала се дизајнирани да бидат отпорни на влага и прашина, со цел да ги задоволат корисниците кои водат активен начин на живот и често спортуваат. Но, сепак постојат неколку совети кои треба да се практикуваат за  заштита на  помагалата од несакани надворешни влијанија.

1. Внимавајте од вода

Иако новите модели на слушни помагала се отпорни на влага, па дури и дожд, тие не се целосно отпорни на вода. Со нив не можете да пливате или да спортувате на вода. За време на овие активности помагалата не треба да се носат. Доколку вашето помагало се навлажни, отстранете ја батеријата и оставете го слушното помагало со отворено капаче неколку часа на собна температура за да се исуши.

 

2. Употребувајте трака за коса

Користењето на спортска трака за коса ја спречува прекумерната количина на пот да навлезе во вашите слушни помагала. Исто така, таа служи како еден вид на држач за помагалата да останат во фиксна положба доколку се бавите со некој погруб или екстремен спорт.

 

3. Изберете мека силиконска влошка по мерка на ушниот канал

Доколку сте корисник на задушно помагало, најдобро е да имате мека силиконска влошка која ќе биде направена по мерка на вашиот ушен канал, со цел да овозможи флексибилност и стабилност при носењето на помагалото. Меката силиконска влошка освен што овозможува флексибилност и стабилност, делува превентивно од несакани повреди во ушниот канал.

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions