Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

ТИНИТУС (ЗУЕЊЕ ВО УШИТЕ)

Стотици милиони луѓе во светот се соочуваат со состојба на тинитус или зуење во ушите.Чувството го опишуваат како постојано зуење,ѕвонење, свирење,пулсирање, вода или бранови од вода, па дури и константен звук на музика во ушите, кои не се поврзани со надворешни звуци.

Кога станува збор за тинитус, сигурно многупати сте се запрашале следново:

 

1.Што да правам со зуењето во уши?

Тинитусот во голема мерка влијае на расположението и предизвикува анксиозност. Некои особи искусуваат силно зуење во ушите а кај некои тоа зуење е со многу помал интензитет. Зуењето во уши може да биде многу непријатно, но постојат решенија кои можат да ви помогнат да живеете со таа состојба.

 

2.Што треба да направам доколку ми зујат ушите?

Понекогаш тинитусот се појавува по изложување на силен звук, и по ден или два, состојбата сама од себе или по консултација со лекар, се враќа во нормала. Но, често оваа состојба може да не се подобри, односно тинитусот да постане траен проблем. За да спречите појава на тинитус, единствено што може да направите е да носите заштита за уши доколку често се наоѓате или работите во бучни средини.

 

3.Дали може тинитусот (зуење во ушите) да се третира или излечи?

Нажалост, сé уште не постои лек за тинитус. Не постои пилула, вид на исхрана или хируршка интервенција која  може да го  излечи или намали тинитусот. Многумина велат дека можат да ја излечат оваа состојба, но  досега не постои научно докажан третман против тинитус.

 

Тинитус и оштетување на слухот

Истражувањата покажуваат дека често постои врска помеѓу тинитусот и губењето на слухот. Многу луѓе страдаат од тинитус, исто така, страдаат и од губење на слухот. Оние особи кои ги имаат и двете состојби, можат да имаат голема корист од носење на слушни помагала. Слушните помагала се наменети за оштетен слух, но со нивното носење се маскира и тинитусот, односно додека носите слушно помагало нема да го чувствувате зуењето во ушите.

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions