Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Совети за одржување на слушните помагала во зимскиот период

Слушните помагала не се подложни на оштетување од ниски температури, тие функционираат дури до неверојатни -40 степени целзиусови. Студеното време и ниските  температури, директно не претставуваат проблем , но наглите промени во температурата можат да доведат до кондензација и да ги оштетат помагалата. Промените во температурата резултираат со акумулирање на влага во внатрешноста на слушното помагало, и за разлика од очилата, кондензацијата во внатрешноста на слушниот апарат не е толку едноставна да се отстрани.

Па, што можеме да направиме за да ги заштитиме нашите слушни помагала од кондензација предизвикана од екстремни температурни промени? Прво, важно е да се запамети дека новите модели на слушни помагала поседуваат технологија која обезбедува оптимална отпорност на вода и највисоки перформанси во екстремни услови. Второ, еве неколку работи што можете да ги направите за да се осигурате дека вашите слушни помагала одлично функционираат оваа зима:

#1. Избегнувајте чување на вашите слушни помагала во преградата или касетата од вашиот автомобил.Екстремните температурни промени во вашиот автомобил (топло/ладно) може да создадат кондензација и лошо функционирање на помагалата.

#2. Доколку скијате или се бавите со други зимски спортови, најдобро е да ги отстраните вашите слушни помагала за да се заштитат од прекумерната влага предизвиката од пот и снег.

#3. Доколку вашиот слушен апарат престане да работи од студот, отворете го капачето за батерија,отстранете ја батеријата и оставете го помагалото во таа положба неколку часа. Отворањето на куќиштето за батерија ќе му овозможи на слушниот апарат да се исуши доколку внатре навлегла влага.

#4. Батериите за слушно помагало чувајте ги на суво место.

#5. Најдобар начин за заштита на слушните помагала од преголеми флуктуации во температурата е користење на специјален сушач кој им овозможува целосно остранување на влагата во текот на ноќта.

#6. Запомнете да го заштитите вашиот слух од гласни звуци, како што е звукот од компресор за снег. Ако вашите слушни помагала се програмирани со повеќе програми, активирајте ја програмата за намалување на бучава пред да бидете изложени на силен звук.

 

Слушните помагала треба постојано да бидат чисти и суви. Нивното правилно одржување ќе ви овозможи поквалитетно слушање и  долготрајна употреба.

 

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions