Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Превентивни чекори за заштита на слухот

There is no translation available.

Постојат неколку превентивни чекори со кои можете да го спречите оштетувањето на слухот предизвикано од прекумерна бучава, како и да избегнете влошување на состојбата кај оштетувањето на слухот кое настанува со природниот процес на стареење.Тие чекори се следните:

1.Заштитете ги вашите уши на работното место. Специјално дизајнираните тампони за уши може да го заштитат вашиот слух од повеќето гласни звуци кои го надминуваат дозволеното ниво на бучава.Постојат повеќе типови на заштита на уши, кои овозможуваат различно ниво на заштита и комфор при носење.

2.Испитувајте го вашиот слух. Доколку работите во услови каде има силна бучава, пожелно е редовно да го испитувате вашиот слух. Со редовното тестирање може навремено да се открие дали постои почетно оштетување на слухот. Тоа ќе ви овозможи побрзо да ја прифатите новата состојба и да започнете со правилен третман.

3.Избегнувајте рекреативни ризици. Некои активности, како што се возење на моторни санки, лов или присуствување на рок концерти подолг временски период, може да го оштетат вашиот слух. Употребата на заштита за уши и правењето паузи од бучавата во текот на гласно рекреативните активности може да го заштитат вашиот слух. Намалувањето на јачината на звукот кога слушате музика може исто така да ви помогне да спречите оштетување на слухот.

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions