Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Совети за совршен состанок на Денот на вљубените

Денот на вљубените треба да биде посебен и романтичен, но за оние со оштетен слух може да биде голем притисок и да предизвика вознемиреност. Состанок во преполн бучен ресторан или прв состанок со некого со кого немаме историја за да се снајдеме во моментите кога нема до крај да слушнеме нешто, може лесно да ја расипе убавата прилика. Затоа прочитајте што можете да направите за да го имате совршениот состанок на Денот на вљубените доколку имате оштетување на слухот.

Избор на местото

Состанок во вашиот дом би било идеално бидејќи така би ја имале контролата над ситуацијата. Сепак, доколку сте одлучиле да одите во ресторан, направете избор од листата на вашите омилени ресторани каде што можете добро да слушате. Ако ја немате контролата на изборот, односно вашиот партнер веќе резервирал маса, можете да отидете во ресторанот порано за да направите избор на најсоодветната маса или да видите кои елементи би можеле да ги подобрат условите за слушање.

Избор на вашата маса

Кога ќе влезете во ресторанот разгледајте го местото и одлучете се за тивка маса која:

- се наоѓа подалеку од звучник
- се наоѓа подалеку од кујната, бидејќи звуците од кујната можат да попречат во слушањето
- се наоѓа подалеку од бучни маси, односно внимавајте на некоја од соседните маси да нема големи групи на гости кои ќе бидат побучни од вашиот глас.

Предвидете како ќе се одвива разговорот

Ако не се знаете доволно со партнерот и немате историја и јасни теми на разговор, можете однапред да се подготвите за да можете барем од прилика да ги предвидите насоките на разговорот. Така нема да останете целосно неподготвени кога ќе испуштите зборови. Потребно е само едно кратко истражување кое може да биде и забавно. Можете да научите нови работи и да имате и дополнителни теми за разговор:

- разгледајте ги главните вести,
- дознајте нешто повеќе за вашиот партнер: што работи, какви хобија има, дали има милениче и слично,
- имајте ги на ум најновите случувања на вашите заеднички пријатели.

Обидете се да се опуштите

Може сѐ да направите како што треба и повторно да испуштите одредени зборови или да не ви е јасно до крај за што зборува вашиот партнер. Но грижата за тоа може само да ги усложни работите и да не ве одведе никаде. Целта не е да слушнете сѐ, туку да воспоставите значајна релација со некого. Доколку не можете го следите разговорот, секогаш можете да му кажете на партнерот да дојде поблиску или, пак, да го смените ресторанот.

Доколку се мачите да слушнете, немојте само да се насмевнете и да кимате со главата преправајќи дека сѐ е во ред. Така, ќе се чувствувате лошо и ќе ги испуштите убавите моменти. Преземете акција! На тој начин, ќе ја подобрите ситуацијата и ќе се чувствувате подобро, бидејќи ќе се смири чувството на безизлезност кое го чувствувате во ситуација кога не можете да го следите разговорот.

Поминете си убаво за Денот на вљубените, преземете акција за подобро да слушнете и подобро да се чувствувате!

Споделете ги и вашите трикови!

 

 

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions