call now +389 2 307 60 61

Совети за безбедно управување со возило доколку имате оштетен слух

Дали сметате дека Вашиот слух  влијае на Вашата способност да возите безбедно и ефикасно? Дознајте повеќе за тоа како безбедно да се управува со возило доколку имате оштетен слух.

Оштетувањето на слухот е честопати непријатно и напорно, а може да биде и ризично кога сте зад воланот на автомобилот. Неможноста да ги слушнете звучните сигнали и предупредувања во сообраќајот може да предизвикаат проблеми кога управувате со возило. Затоа, за безбедно да се движите со Вашето возило доколку имате оштетен слух, потребно е да ги преземете следните мерки:

  1. Делувајте превентивно

Доколку имате оштетен слух, секогаш носете слушни помагала додека ракувате со возилото. Внимавајте од долгорочната изложеност на звучни дразби кои можат негативно да влијаат на Вашиот слух, како што се гласна музика, бучава од градилиште и зголемена бучава од настани како музички концерти.

  1. Задржете го вниманието

Мултитаскингот може да Ви го одвлече вниманието додека управувате со возило. Ракувањето со мобилен телефон  додека возите може да доведе до сообраќајна несреќа, бидејќи сте сконцентрирани на гласот на соговорникот необрнувајќи внимание на сообраќајот. Доколку е потребно итно да одговорите на повик, застанете на страна од патот или застанете на најблискиот паркинг.

  1. Слушајте тивка музика

Гласната музика не само што може да го оштети Вашиот слух, туку може да биде и пречка во слушањето на звучните сигнали од надворешното опкружување. Амбулантните или останатите моторни возила нема да бидете во можност да ги слушнете  за соодветно да го придвижите Вашето возило.

  1. Обрнувајте внимание на визуелните знаци

За особите со оштетен слух, особено е важно да внимаваат на визуелните знаци бидејќи на тој начин можат полесно да се ориентираат и да реагираат соодветно. Обрнете внимание на сообраќајните знаци и сигнали и секогаш погледнувајте во ретровизорот. Со оштетен слух е релативно тешко прецизно да се одреди растојанието на возилата што се движат, па затоа визуелната концентрација е една од најдобрите начини да се заштитите себеси и оние околу Вас.

Способноста да се слушнат звуците не е важна само за возачот, туку и за пешаците. Секогаш носете слушни помагала кога сте во сообраќај за да ги слушнете звуците на автомобилите и нивната звучна сигнализација при преминување на улица. Понекогаш Вашите уши можат да помогнат кога очите не можат!

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions