Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Слушни помагала: Како да го изберете вистинското

Постојат многу модели на слушни помагала. Но, кое е најдоброто за вас? Дознајте на кој начин да изберете слушно помагало кое најдобро ќе одговара на вашите потреби и животен стил.
Можеби сте размислувале за носење слушно помагало, но сте загрижени како тоа ќе изгледа или дали навистина ќе ви помогне.
Слушните помагала не може да го вратат вашиот слух. Тие може да го подобрат вашето слушање, со проширување на спектарот на звуци, помагајќи ви да го слушнете она што без помагало не сте во можност да го слушнете.

Како работат слушните помагала

Слушните помагала ги засилуваат и пренесуваат звуците од околината до увото, преку микрофоните кои се составен дел на сите слушни помагала. Компјутерскиот чип ги засилува и ги конвертира тие звуци во дигитален код, ги анализира и ги прилагодува во зависност од вашето оштетување на слухот, потребите и нивото на бучава околу вас. Засилените сигнали потоа се конвертираат назад во звучни бранови и се пренесуваат назад во вашите уши преку приемникот.Современите слушни помагала се дигитални, и сите користат батериии наменети за слушни помагала.
За да направите правилен избор на слушно помагало, потребно е да знаете:

Повеќе: Слушни помагала: Како да го изберете вистинското

5 медицински причини за ран третман на оштетен слух

1.70% го подобриле својот социјален живот со носење на слушен апарат, 40% ја подобриле комуникацијата и односот со парнерот со носење на слушно помагало . Подоброто слушање води кон подобра комуникација а тоа значи повеќе среќа.

2.Без слушно помагало мозокот работи понапорно и со тоа се чувствувате поисцрпени, чувствувате поголем стрес и фрустрација . 80% од квалитетот на животот се подобрува со носење на слушно помагало .

3.Лицата со оштетен слух , губејќи ги важните стимули до мозокот, имаат тенденција да се повлечат од општествениот живот. Ова е поврзано со поголем ризик од развој на депресија, деменција, па дури и кардио васкуларни болести. 40% од физичкото здравје се подобрува со носење на слушниот апарат .

Повеќе: 5 медицински причини за ран третман на оштетен слух

КОГА ТРЕБА ДА ГО ПРОВЕРИТЕ ВАШИОТ СЛУХ?

Кога е време за проверка на слухот? 

Потребно е да го проверувате вашиот слух еднаш годишно доколку се пронајдете во една или повеќе од следниве категории:

1) Имате 55 години или повеќе
Откако ќе наполните 55 години , препорачливо е да го испитувате слухот еднаш годишно, без оглед дали имате или немате симптоми на оштетен слух. Падот на слухот е природен дел од стареењето и доколку се дијагностицира во рана фаза ќе бидете подобро подготвени и информирани како да се справите со овој проблем, дури и ако се дијагностицира трајно оштетување на слухот и носење на слушно помагало.

Прочитај повеќеКОГА ТРЕБА ДА ГО ПРОВЕРИТЕ ВАШИОТ СЛУХ?

7 СОВЕТИ ЗА БАТЕРИИТЕ НА СЛУШНИТЕ ПОМАГАЛА

Што да направите за батериите на вашето слушно помагало да траат подолго.

Слушното помагало не може да работи без батерија. Затоа внимателно прочитајте ги следните совети за вашите батерии да траат подолго.

1. Чувајте ги батериите за слушното помагало во нивното пакување, се додека не ги користите.

2. Пакувањето за батерии чувајте го на собна температура.

Прочитај повеќе7 СОВЕТИ ЗА БАТЕРИИТЕ НА СЛУШНИТЕ ПОМАГАЛА

Кои се причините за ненадејно губење на слухот?

Ненадејно губење на слухот
Ненадејно губење на слухот (SHL) се дефинира како намалување на слухот од 30 dB на најмалку три фреквенции, кои се случуваат во текот на еден период од 72 часа или помалку. Кај некои тоа се случува во утринските часови, но но кај некои и текот на денот , што резултира со брз развој за само неколку часови или денови. Ненадејната загуба на слухот може да се случи само на едното уво, но може и на двете. Овој проблем , подеднакво ја засега машката како и женската популација, а најчесто се јавува на 50-60 годишна возраст, поретко на возраст од 30-40, но постојат и случаи кога со овој проблем е засегната и многу помладата популација.

Кои се причините за ненадејно губење на слухот?
Во повеќето случаи, ненадејното губење на слухот е придружено со тинитус, со други зборови, зуење, свирење, шум во увото. Иако овој вид на губење на слухот настанува наеднаш и опфаќа голем дел од популацијата, точните причини за негова појава се сеуште непознати. Но како дел од нив можат да бидат издвоени разните инфекции, циркулацијата, невролошки и имунолошки проблеми, физички трауми, проблеми со кохлеата, проблеми со внатрешното уво, мениер и т.н.

Прочитај повеќеКои се причините за ненадејно губење на слухот?

Носење на слушен апарат на дождливо време

Сите слушни помагала се комплексни електронски уреди за кои е потребна посебна грижа и внимателен третман. Иако тие се прилично стабилни и се направени од соодветни флексибилни материјали за максимална заштита, доколку не се третираат на правилен начин, тие може лесно да се оштетат.

Еден од најчестите причини за тоа е влагата , затоа треба секогаш да бидете посебно внимателни и да го чувате вашиот слушен апарат подалеку од сите извори на влага. Тоа значи дека е најдобро да избегнувате да го носите вашето слушно помагало кога врне, кога одите на пливање, кога се туширате, кога правите физички вежби кои може да предизвикаат прекумерно потење итн. Влагата може да го оштети вашето слушно помагало, особено ако не ги превземате неопходните мерки, односно да го исушите откако ќе биде во допир со влага. Водата е корозивна и може да навлезе во електричните кола на внатрешните компоненти на слушното помагало и тоа да престане да функционира.

Прочитај повеќеНосење на слушен апарат на дождливо време

КАКО ДО СЛУШЕН АПАРАТ

Прва посета во ортопедска куќа

Неколку важни информации за вашата прва посета кај специјалист за слушни помагала:
1.Потребни ви се 30 минути за вашата прва посета.
2.Доколку сакате , можете да бидете придружувани од некој роднина или пријател. Многумина се чувствуваат посигурно на тој начин.
3.Разговорот со специјалистот ќе ви овозможи да добиете информации за вашата состојба и какви решенија постојат.
4.За почеток ќе бидат накратко прегледани вашите уши со цел да се види дали постои маснотија или некоја инфекција во ушите.
5. Доколку не постои маснотија или инфекција, ќе ви биде испитан слухот, односно ќе ви биде направено тестирање на слухот кое покажува дали и колку е оштетен вашиот слух.

Прочитај повеќеКАКО ДО СЛУШЕН АПАРАТ

Како да се грижите за вашите слушни помагала во летната сезона

Летото конечно пристигна, а тоа значи патување на одмор, капење, сончање, забавување, и многу други активности! Еве неколку совети за заштита на вашите слушни помагала во текот на летниот период.

Совет # 1: Борба против влага
Влагата е една од најголемите непријатели на вашето слушно помагало.
Потта и водата можат да влијаат на малите делови во внатрешноста на вашето слушно помагало, па препорачливо е со вас секогаш да носите мека, сува марамица за да се избегне влагата. При секое носење на слушното помагало, нежно и внимателно избришете го и повторно поставете го на уво или во вашата футрола за чување. Дури и ако вашето помагало е водоотпорен модел не заборавајте да го отстраните од вашето уво при влегување во вода.

Прочитај повеќеКако да се грижите за вашите слушни помагала во летната сезона

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions