Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Како да препознаете оштетен слух кај дете

Оштетувањето на слухот е трета најраспространета хронична здравствена состојба која ги засега како возрасните лица така и децата. 34 милиони деца под 15 годишна возраст во светот имаат оштетен слух. Оштетувањето на слухот влијае на детските животи и на општеството. Влијае на развојот на говорот, јазикот и когнитивните способности, односно:

Влијае на образовните достигнувања на децата

Влијае на идната кариера на децата и потенцијалот за работа

Влијае на квалитетот на животот на децата

Влијае на човековите права на децата

 

Како да ги препознаете симптомите кај децата

Кои се знаците?

1.Детето не реагира на силни звуци;

2.Детето не може да одреди од каде доаѓа звукот/гласот;

3.Детето не следи инструкции или пак ги следи погрешно;

4.Говорот на детето не се развива повеќе од основните гласови;

5.Детето не реагира на гласови, дури ни на физички контакт;

6.Детето реагира на фрустриран или агресивен начин.

 

Честите проверки на слухот можат да помогнат во рано откривање и третман како кај децата така и кај возрасните.

 

https://listen.explore-life.com/mk/

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions