Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Кoe слушно помагало e најдобро за моето дете

Изборот на слушни помагала за деца и возрасни е различен, па затоа има неколку работи што треба да се имаат на ум при посета на специјалист за слушни помагала.

Кога првпат како родител ќе се сретнете со овој проблем, треба да бидете свесни дека се соочувате со проблематика која не Ви е позната и за која е потребно детално објаснување и поставување прашања, за да бидете сигурни дека Вашето дете ќе си замине дома со вистинското решение, односно со најдоброто слушно помагало соодветно за неговото оштетување. Слушните помагала се погодни уште од најраната возраст на детето и доколку даваат резултати, тие се најсоодветното решение за негов правилен раст и развој, правилен говор, како и стекнување на соодветно  образование во нормална училишна установа. Раната детекција на оштетениот слух, му овозможува на родителот да посвети повеќе време и истражување за тоа што е најдобро за неговото дете и на каков начин да го обезбеди тоа. Колку порано, толку подобро!

Кое слушно помагало е најдобро?

Најдоброто решение за деца под 18 годишна возраст, односно кога растот во најголем број случаи е завршен или завршува, е носење на слушни помагала кои се позади увото. Овие модели на помагала се најдобри за децата поради повеќе причини:

Се вклопува и функционира со различни видови на силиконски влошки

Силиконската влошка се менува како што расте детето во висина, нема потреба од менување на помагалото и купување на ново

Силиконските влошки се изработуваат од мек неалергенски материјал и се удобни за носење

Задушните слушни помагала имаат поголема можност за компјутерско подесување на јачината

Задушните слушни помагала имаат можност за дополнителни безжични додатоци за слушање

Кога детето ќе заврши со растот  и има оштетување на слух кое овозможува избор на секаков модел на слушно помагало, може да избере и помагало кое е само внатре во увото (канално), кое е помалку забележливо.

Нашиот предлог за најмладата популација е моделот Phonak Naida, од швајцарскиот производител на слушни помагала ФОНАК. Овој модел поседува уникатни карактеристики, кои му овозможуваат на Вашето дете:

Правилен развој на говорот

Поголема разбирливост

Чујност на целиот спектар на фреквенции

Компјутерско подесување за секаков степен на оштетен слух

Прилагодливост со секоја силиконска влошка

Автоматско подесување на помагалото според потребите и средината во која се наоѓа детето

 

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions