Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Слушен апарат или кохлеарен имплант?

Луѓето со оштетен слух честопати се прашуваат дали слушниот апарат е најсоодветната опција за нив и дали постои нешто што е подобро и што ќе им овозможи подобро слушање.

Слушните апарати се помагала наменети за различни степени на оштетен слух, од мало до тешко оштетување и се одлични за секоја возраст, од најмала до најстара. Повеќето луѓе со оштетен слух се кандидати и можат да имаат одлични придобивки од употребата на слушните апарати.

Додека слушните апарати го појачуваат звукот, на принцип на засилување на звучните фреквенции кои се зафатени со оштетувањето, кохлеарниот имплант ги трансформира звуците во електрични импулси што го стимулира Вашиот аудитивен нерв. И слушните апарати и кохлеарните импланти најдобро функционираат кај лицата со дијагностицирано сензоневрално губење на слухот, што значи дека тие имаат оштетување на влакнестите клетки во внатрешното уво и /или нервните патишта од внатрешното уво кон мозокот.

Но, дали сте кандидат за слушен апарат или кохлеарен имплант?

За слушен апарат сте кандидат доколку:

1.Имате оштетување на слухот од 40 децибели и повеќе на едното или на двете уши

2.Оштетувањето на слухот не надминува 100 децибели оштетеност

3.Наменети за деца и возрасни

За кохлеарен имплант се размислува дури тогаш кога:

1.Слушните апарати веќе не му обезбедуваат на корисникот никаков бенефит, односно немаат ефект

2.Кога особата има длабоко или целосно оштетување на едното или двете уши

3.Наменети за деца и возрасни

 

 

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions