Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

5 Практични начини за развој на емоционалната интелигенција кај децата

Еве неколку практични начини кои ќе Ви помогнат во развојот на емоционалната интелигенција на Вашето дете:

 1.Споделете ги Вашите чувства

Објаснете му на Вашето дете како се чувствувате во одредени ситуации, на пример: „Сега се чувствувам навистина несигурно, бидејќи заборавив каде да ги оставив очилата". Со споделување на Вашите чувства, Вашето дете може да научи како да користи различен емотивен речник во природни контексти. На тој начин, тоа ќе почне да ги разбира причините зошто луѓето чувствуваат одредени емоции.

 2.Разговарајте за емоциите на другите луѓе

Помогнете му на Вашето дете да ги набљудува емоциите на луѓето, ликовите во книгите или филмовите, во списание или на фотографија. Може да кажете: „Погледни ја девојката која купува сладолед! Таа има голема насмевка, мислам дека е возбудена и среќна што јаде сладолед ",  или пак :„ Дали ја гледаш сликава на која има нервозно момче? Можеби неговата мајка не му дозволила да јаде чоколадо ". На овој начин му покажувате на Вашето дете дека луѓето имаат свои чувства и ги истакнуваат причините поради кои се чувствуваат така. Учејќи го Вашето дете да ги препознае емоциите на другите му помагате да разбере и да развие емпатија.

 3.Идентификувајте ги чувствата на Вашето дете

Забележете кога Вашето дете изразува емоции, на пример, дали делува нервозно и изразува лутина кога има домашна работа, па можете да му кажете:„ Изгледаш нервозно“. Домашните задачи понекогаш може да бидат тешки за завршување, но со идентификување и опишување на емоциите на Вашето дете, Вие му помагате да ги изрази своите чувства.

 4.Користете повеќе комплексни емоционални зборови

Откако Вашето дете ќе ги разбере основните емоционални зборови како среќен/на, тажен/на и лут/а, запознајте го и со посложените емоционални зборови за да продолжи да го развива својот вокабулар. Еве неколку примери:

  Фрустриран/а

  Вознемирен/а

  Возбуден/а

  Разочаран/а

  Загрижен/а

 5. Правете игри со емоции

Направете игра со вклучување на разни емоции. Пејте иста песна неколку пати со различни емотивни гласови, како што е уморен глас или возбуден глас. Глумете лик од некоја приказна од книга или направете своја приказна и измислете лик со нагласени емоции. На пример, „Девојката на сликата изгледа исплашено, па ќе го користам тивкиот, уплашен глас".

 

Преземено од:https://blog.medel.com/5-practical-ways-to-teach-emotional-intelligence/

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions