Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

4 Придобивки од кохлеарниот имплант за возрасните особи

Во прилог можете да прочитате за придобивките од поставување на кохлеарен имплант кај возрасните особи и како тој може да го подобри начинот на  живот.

Возрасните особи кои носат кохлеарен имплант, чувствуваат значително подобрување во следните четири ситуации:

 

1.Подобра комуникацијата и односи со луѓето

Губењето на слухот честопати може да доведе до социјална изолација кај возрасните лица и може негативно да влијае на односите со партнерот. Потешкотиите во комуникацијата и разбирливоста на говорот, може да доведат до повлекување од социјалните активности, пријателите и семејството. Поставувањето на кохлеарен имплант може да ги зајакне Вашите  социјални активности и односи преку подобра комуникација.

2.Наоѓање на ново хоби

Сакате да започнете ново хоби? Честопати хобито вклучува поголем број на луѓе. Една од многуте придобивки од кохлеарниот имплант е тоа што можете да се чувствувате сигурни во комуникацијата со пријателите и колегите доколку изберете некое хоби. Кохлеарниот имплант ја подобрува социјализацијата и го прави животот подинамичен.

3.Повеќе можности во работата и  кариерата

Со кохлеарниот имплант  секојдневните работни активности се извршуваат поефикасно, бидејќи Вашата способност да слушате и разбирате ќе биде значително поголема. Кохлеарниот имплант ќе Ви помогне полесно пратење на состаноците и настаните преполни со луѓе. Доколку студирате, кохлеарниот имплант може многу да Ви користи бидејќи посетувањето на предавањата и комуникацијата со колегите е значително полесно.

4.Подобар животен стил

 Губењето на слухот може да влијае на Вашиот квалитет на живот. Па, како може кохлеарниот имплант да ги подобри многуте аспекти од Вашиот живот?

-Ќе се чувствувате сигурни при средба со пријателите во бучно кафуле или ресторан;

-Ќе се чувствувате независни знаејќи дека можете да ги слушнете сите секојдневни звуци како што се довикувањето на Вашето име, телефонот, сообраќајната сигнализација и т.н.;

-Ќе се чувствувате слободни и ќе имате поголема желба да излезете надвор и да уживате во звуците на природата околу Вас;

-Ќе сакате да бидете дел од семејните собири и да бидете во тек со најновите вести и дискусии со роднините и пријателите;

-Кохлеарниот имплант може да Ви овозможи да ја слушнете смеата на Вашето дете, пеењето на птиците или Вашата омилена музика.

 

Доколку размислувате за кохлеарен имплант или веќе имате, важно е да запомните дека рехабилитацијата е клучна за подобро слушање! Работењето со стручно лице за слух ќе Ви помогне да ја добиете максималната корист од Вашиот нов уред.

 

Прилагодено според https://blog.medel.com/4-benefits-of-a-hearing-implant-for-an-adult/

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions