Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Грижа за слушните помагала на дождливо време

Сите слушни помагала се комплексни електронски уреди за кои е потребна посебна грижа и внимателен третман. Иако тие се исклучително стабилни и  направени од соодветни флексибилни материјали за максимална заштита, доколку не се третираат на правилен начин, може лесно да се оштетат.

Еден од најчестите причини за тоа е влагата , затоа треба секогаш да бидете посебно внимателни и да го чувате вашиот слушен апарат подалеку од сите извори на влага. Тоа значи дека е најдобро да избегнувате да го носите вашето слушно помагало кога врне, кога пливате, кога се туширате, кога правите физички вежби кои може да предизвикаат прекумерно потење, итн. Влагата може да го оштети вашето слушно помагало, особено ако не ги преземате неопходните мерки, односно да го исушите откако ќе биде во допир со вода. Водата е корозивна и може да навлезе во електричните кола на внатрешните компоненти на слушното помагало и тоа да престане да функционира.

 

Што да направам доколку моето слушно помагало дојде во допир со вода?

Вашето слушно помагало може да се навлажни на различни начини. Сепак, доколку се работи за мала количина вода и доколку вие дејствувате брзо, можете да го заштитите од трајни оштетувања. Тоа се прави на тој начин што го отстранувате апаратот од увото, го отварате капачето за батерија, ја отстранувате батеријата и го оставате неколку часа на суво место да се исуши на собна температура. Ако се случи да бидете фатени од дожд додека го носите вашето слушно помагало, најдобро е да го отстраните и да го ставите во вашата футрола  или да носите капа и чадор секогаш кога постои можност од дождливо време. Во никој случај не употребувајте фен за коса или некои други електрични уреди од домаќинство за сушење на вашето слушно помагало.

Доколку по преземените мерки вашето помагало не функцинира, веднаш обратете се кај вашиот специјалист за слушни помагала.

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions