Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

10 Заблуди за луѓето со оштетен слух

There is no translation available.

Губењето на слухот понекогаш се нарекува „невидлива попреченост“, бидејќи е состојба која ретко се забележува и за која не се зборува често јавно. Но,постојат многу заблуди за луѓето со оштетен слух, еве неколку од нив:

1.Луѓето со оштетен слух не можат да управуваат со возило

Луѓето со оштетен слух можат да управуваат со било кое моторно возило.Потребно е само да бидат повнимателни на нивната околина и да ги почитуваат сообраќајните знаци како и сите останати возачи во сообраќајот.

 2.Знаковниот јазик е универзален јазик

Знаковниот јазик е различен како што се различни сите говорни јазици. Секоја земја има еден или повеќе знаковни јазици. Постојат дури 130 знаковни јазици во светот! Некои луѓе со оштетен слух употребуваат знаковен јазик, но некои не.

 3.Луѓето со оштетен слух подобро читаат од усни

Читањето од усни е тешко, и не секогаш точно. Сите луѓе со оштетен слух не умеат да читаат добро од усни. Во зависност од тоа дали и колку долго користат слушни помагала, некои луѓе читаат од усни подобро од останатите. Ова е причината зошто луѓето со оштетен слух преферираат комуникација со гестови, индиции или знаци за означување на темата.

4.Само постарите луѓе имаат оштетен слух

Некои луѓе се раѓаат со оштетување на слухот, други го губат подоцна во животот. Губење на слухот се случува поради различни причини и може да биде застапено кај луѓе од сите возрасти.

 5.Луѓето со оштетен слух селектираат што да слушнат

Поради замор и губење на концентрација, луѓето со оштетен слух немаат секогаш енергија да читаат од усни или да се фокусираат на слушањето особено ако има задинска бучава, па затоа тие не селектираат самите што да слушаат а што не, туку нивната состојба го прави тоа понекогаш самостојно.

 6.Слушните помагала веднаш ви овозможуваат добро слушање

За разлика од очилата кои веднаш овозможуват добар вид, лицата со оштетен слух не можат веднаш да слушаат одлично со слушните помагала! Во зависност од степенот на оштетување на слухот, слушните помагала се разликуваат по јачина, карактеристики и потребно е тие да бидат добро подесени за да се создадат најдобрите можности за слушање на секој корисник.

 7.Глувоста е наследна

Глувоста не е секогаш наследна. Постојат многу други причини за оштетување на слухот, како: болести, ототоксични лекови, изложеност на гласна бучава, тумори, повреда на главата, или природниот процес на стареење.

 8.Ако зборувате погласно, луѓето со оштетен слух подобро ќе ве слушнат

Без разлика колку гласно зборувате, луѓето со големо оштетување на слухот нема да ве слушнат и нема да ве разберат. Затоа, тука се слушните помагала кои ќе му овозможат на корисникот да слуша во бучни средини и да има поголема разбирливост на говорот кога некој им се обраќа.

 9.Оштетениот слух може да се корегира со лекови или операција

Во моментов, не постои „лек“ за оштетување на слухот, но постојат студии и истражувања околу оваа тема. За некои луѓе со тешко оштетување на слухот, кохлеарен имплант е единственото решение, но кога станува збор за корекција на слухот со лекови или хирургија, сеуште не е со сигурност прифатена солуција.

 10.Слушните помагала се големи и немаат убав изглед

Слушните помагала повеќе не се големи и во беж боја. Технологијата овозможува разни димензии, облици, бои. Некои од нив се класифицирани дури како „невидливи слушни помагала“!

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions