Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Што се кохлеарни имплантни системи и за кого се наменети

There is no translation available.

Што се кохлеарни имплантни системи

Кохлеарни имплантни системи се единствените медицински уреди способни да заменат сетило. Тие им овозможуваат на луѓето со целосна глувост и тешко оштетен слух да слушаат. Работат на тој начин што ги заобиколуваат оштетените и нефункционални делови на внатрешното уво и обезбедуваат електрична стимулација директно на нервните влакна внатре во кохлеата. Тие се електронски уреди кои ги конвертираат акустичните звуци во електрични импулси кои директно го стимулираат аудитивниот нерв. Импулсите ги стимулираат аудитивните клетки кои претставуваат различни звуци на говор. Вашиот аудитивен нерв носи сигнал до мозокот, кој го препознава како звук. Кохлеарните имплантни системи се состојат од два дела: надворешен дел кој се вика аудио процесор и се поставува позади увото и внатрешен дел кој се вика кохлеарен имплант и кој хируршки се поставува под кожата.

За кого се наменети

Кандидат за кохлеарен систем е секој оној кој има тешко оштетување на слухот и нема резултат од носење на слушни помагала. Кохлеарните системи не може да го вратат вашиот слух,но можат да бидат замена за добро слушање и правилен развој на говорот. Најчесто кохлеарните импланти се вградуваат кај деца, уште на многу рана возраст, кои се родени без слух или имаат тешко оштетен слух, бидејќи имаат подобри можности да развијат нормален говор и да дадат подобри резултати од оние кои се имплантирани подоцна во животот. Кохлеарниот имплант може да се вгради и кај возрасни корисници, но ќе даде позитивни резултати доколку тие веќе имаат развиен говор и биле корисници на слушни помагала. И кај децата и кај возрасните најпрвин се започнува со носење на слушни помагала, но доколку тие немаат ефект, се препорачуваат кохлеарните системи. Кај новороденчињата, кај кои ќе се дијагностицира оштетување на слухот, се започнува со носење задушни слушни помагала во текот на првите 12 месеци, но доколку тие не дадат резултат, се преминува на кохлеарен систем.

Откако корисникот ќе се имплантира, следува период на рехабилитација кој трае од неколку месеци до неколку години во зависност од напредокот на самиот корисник.

Повеќе за нашите модели на кохлеарни системи: http://www.sluh.com.mk/index.php/mk/

 

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions