Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Совети за добар слух во есенскиот период

Есен е период од годината кога температурите почнуваат да опаѓаат и некои состојби може да влијаат на здравствената состојба на Вашите уши и слухот.  Еве неколку совети за да ги одржите Вашите уши и слух здрави на есен.

Сезонски алергии

Голем број луѓе страдаат од алергии кои главно се јавуваат на есен и пролет. Бидејќи алергиите можат да влијаат на Вашите уши, очи, нос и грло, важно е да размислите како да ги лекувате нивните симптоми како чешање, подуеност, тешкотии при слушање и болка во ушите. Овие симптоми често може да се третираат преку лекови за алергија како што се антихистаминици и деконгестиви.Понекогаш алергиска реакција може да доведе до привремено губење на слухот и обично исчезнува по третирање на алергијата. Настинките, вирозите или грипот се исто така дел од есенскиот период и може да ги даваат истите симптоми како и алергиите. Вашиот лекар ќе Ви посочи дали станува збор за сезонска настинка или за алергија.  

Промена на температурата

Промената на температурата започнува токму во овој временски период кога од топло и сончево време наидуваме на постудено и дождливо. Ваквото време сепак наложува носење на потопла облека, понекогаш капа и шал, бидејќи стануваме подложни на настинки а со тоа и нашите уши поосетливи.  Ушите немаат заштитно масно ткиво, па затоа брзо се ладат. Тие имаат само тенок слој на кожа која ги штити нервите во ушниот канал, па постудено време, проследено со ветар, може да предизвика непријатност во ушниот канал. Покривањето на Вашите уши кога сте надвор за подолг временски период, ќе Ви помогне да ги одржите топли и здрави. Времето исто така може да влијае на батериите за слушни апарати, односно тие да се трошат побргу. Доколку носите слушни помагала, пожелно е секогаш да имате со резервен комплет на батерии со себе.

Грижа за слушните помагала

Времето на есен може да биде проблематично за Вашите слушни помагала, но со преземање на посебни мерки на претпазливост, можете и да ги одржите во добра состојба а со тоа и Вашиот слух:

1.Редовно чистете ги Вашите помагала и силиконски влошки како што е наведено во Вашето упатство;

2.Одржувајте ја чистота на Вашите уши за да не ги полните помагалата со ушна маст;

3.Заштитете ги помагалата од студ и секогаш имајте со Вас резервна батерија;

4.Чувајте ги помагалата на суво место и доколку се навлажнат од дожд, избришете ги со суво крпче и отворете го капачето за батерија за да се исуши побргу.

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions