Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

4 Совети за на плажа со слушни помагала

Летата се полни со планови за патувања и одмори. Доколку планирате патување за време на сезона, кога сонцето е посилно, водата сина и топла, песок насекаде, тогаш овие совети се за Вас!

1.Песок

Измијте ги добро рацете пред да ракувате со Вашите слушни помагала!  Доколку одлучите да не ги носите помагалата додека играте во песок со Вашите деца, инвестирајте во водоотпорна футрола или кутија и чувајте ги на безбедно и сигурно место. Песокот и водата можат да навлезат во малите механички делови и да предизвикаат проблеми или трајно оштетување на слушните помагала.

 

2.Влага и пот

Влагата и потта можат да го уништат микрофонот и приемникот на Вашето слушно помагало. Пожелно е да носите стегач за глава, футрола или памучно крпче за повремено да ја избришете влагата или потта од Вашите помагала. Доколку дојдат во допир со влага,  отстранете ги од Вашите уши и оставете го отворено капачето за батерија во текот на целата ноќ.

 

3.Моите слушни помагала се влажни! Што да правам?

Не користете фен за коса за да ги исушите! Тоа би предизвикало поголема штета отколку влагата. Откако ќе се навлажнат, отворете го капачето за батерија и отстранете ја батеријата. Доколку имате специјален сушач за слушни помагала, ставете ги во него што е можно поскоро. Друга популарна метода е да ги ставите во пластична кеса исполнета со неварен ориз. Оризот ќе впие поголем дел од влагата. Оставете така во текот на целата ноќ.

 

4.Дали моите слушни помагала се оштетени?

Постојат неколку индикатори дека Вашите слушни помагала имаат претрпено некоја штета:

Вашето слушно помагало постојано ја намалува јачината

Вашето слушно помагало се исклучува и се вклучува или звуците исчезнуваат

Звуците се статични

Звуците се искривени

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions