Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Совети за патување со оштетен слух

Неколку совети за тоа како да се подготвите за патување доколку имате оштетен слух: 

1.Подгответе го Вашиот билет, Вашата резервација ,адреси и телефонски  броеви  од каде доаѓате и местото каде ќе престојувате. Дури и ако не може да воспоставите контакт,повик, некој може да го направи тоа за Вас.

2.Доколку добро ракувате со  интернет  и го резервирате патувањето во сопствена режија,  секогаш пред патување проверете дали Вашата резервација е уредно направена и не  заборавајте да ги прочитате коментарите за хотелите и туристичките препораки. 

3.Не заборавајте да ги понесете слушните помагала со Вас! Секогаш носете ги слушните помагала кога патувате, носете и повеќе резервни батерии, во случај да немате од каде да набавите за време на Вашиот престој.Доколку имате и старо слушно помагало,понесете го со Вас како резервно.

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions