Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Игри кои можат да ни покажат како е да се има оштетен слух

Не е лесно на луѓето без оштетување на слухот да им се објасни како е да се биде глув или наглув. Не постои висински начин да се објасни како е да не можеш да ги слушнеш сите звуци. Но постојат неколку игри и активности кои можат да симулираат со што глувите и наглувите луѓе се соочуваат секојдневно.

Овие игри и активности би можеле да ја олеснат комуникацијата меѓу луѓе со различна способност за слушање.

Расипан телефон

Шепотењето е предизвик за сите од нас без оглед дали имаме оштетување на слухот или не. Оваа игра ни покажува колку е важно изговорот и зборувањето да бидат јасни. Односно кога се зборува со лица со оштетен слух устата да не се покрива, чисто да се изговараат зборовите и да се биде свртен кон нив.

Пантомима

Лицата со оштетен слух се потпираат на телесниот јазик и изразот на лицето. Пантомимата е добар начин за другите да сфатат како повеќе внимание да обрнат на јазикот на телото и на другите начини на израз кога комуницираат со лица со оштетен слух.

Предизвикот со шепотење на Џими Фалон (Jimmy Fallon’s The Whisper Challenge)

Многумина, без оглед дали имаат оштетување на слухот или не, во комуникацијата не се потпираат многу на читањето од уста. Оваа игра нѐ тера навистина да обрнеме внимание на начинот на кој луѓето зборуваат, а го потенцира и значењето на изговорот. Можеби играта знае да фрустрира, но задоволството е големо кога ќе успеете да погодите!

Фонаковиот симулатор на оштетување на слухот

Можеби никогаш нема да бидеме до крај сигурни дали со помош на слушните помагала луѓето со оштетен слух слушаат на сличен начин како луѓето кои немаат оштетувања на слухот. Но овој симулатор успева да ни даде претстава за тоа како луѓето со благо до умерено оштетување на слухот слушаат одредени звуци.

Повеќе за симулаторот на следниот линк: https://www.hearinglikeme.com/hearing-loss-simulator/

Можете да ги пробате и овие активности, кои не се баш забавни како игрите:

Носете тампони за уши додека спортувате и обидете се да комуницирате со соиграчите,
Затворете го едното уво со перница и слушајте само со другото уво,
Носете слушалки со гласно пуштена музика додека разговарате со некој,
Обидете се да разговарате со некого во бучен и преполн ресторан.

 

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions