Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Придобивки од слушните помагала

Користењето на слушни помагала носи голем број на придобивки за луѓето со оштетен слух.

Прво и најважно, ќе слушате многу подобро. Слушните помагала не можат во целост да го вратат вашиот слух, но суштински го подобруваат. Станува полесно да го слушнете говорот на другите луѓе. А можете да ги слушнете и  звуците кои не сте можеле да ги слушате долго време, како што е пеењето на птиците, ѕвонењето на вратата, фучењето на ветерот, течењето на водата.

Слушните помагала често ја подобруваат и социјалната, психолошката и физичката благосостојба на корисникот.

Студиите, но и искуството, покажуваат дека слушните помагала генерално го подобруваат квалитетот на животот, а можат да ви помогнат и:

- да го подобрите вашиот однос со семејството,

- да се чувствувате подобро,

- да го подобрите вашето ментално здравје,

- да ја подобрите вашата физичка благосостојба,

- подобро да се концентрирате,

- да се чувствувате понезависни и посигурни,

- да се чувствувате поодморни,

- да бидете повеќе вклучени при средбите со пријателите,

- да можете да направите повеќе нови пријателства,

- да бидете подобри на своето работно место.

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions