Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Може ли чаша вино на ден да го заштити вашиот слух?

Црвеното вино и губењето на слухот

Многу е кажано и за позитивните и за негативните аспекти од пиењето алкохол, во социјална смисла. Но, во последно време има подетални истражувања и на медицинските ефекти од конзумирањето на алкохол. За оние кои се загрижени за губењето на слухот, овие истражувања откриваат значајни, па дури и изненадувачки резултати.

Чаша вино на ден може да заштити од губење на слухот

Општо е познато дека конзумирањето на чаша до две вино на ден може да помогне при превенирањето на срцеви удари и запушување на артериите, благодарение на присуството на антиоксидансот ресвератрол кој се наоѓа во лушпата на црното грозје.

Научниците кои го истражуваат губењето на слухот испитале дали истиот антиоксиданс има позитивно влијание и во заштитата на слухот. Резултатите покажуваат дека ресвератролот може да помогне кога причината за губење на слухот е преголемата бучава. Овие научници, исто така, веруваат дека ресвератролот влијае позитивно и кога губењето на слухот е предизвикано од процесот на дегенерација на клетките, поврзан со стареењето.

Но премногу алкохол може да предизвика сериозно оштетување на слушните нерви

За жал, разликата помеѓу чашка вино на ден и обилното пиење може да биде од суштинско значење. Прекумерното конзумирање на алкохол може да предизвика кардиоваскуларни заболувања, кои се познат риск-фактор за губење на слухот. Покачениот притисок освен што не е добар за вашето тело, не е добар ниту за вашиот слух!

Студиите покажуваат дека обилното конзумирање на алкохол ја намалува способноста на слушање на повеќе фрекфенции. Со други зборови, колку повеќе алкохол, до толку потешко е слушањето. Иако овие промени често се привремени, истражувачите предупредуваат дека премногу епизоди на привремено губење на слухот можат да прогресираат до негово неповратно губење.

Се препорачува умереност

Општите опасности од прекумерното конзумирање на алкохол се многу добро познати, а за луѓето кои пијат премногу, евентуалното губење на слухот и не е најголемиот проблем со кој се соочуваат. Но, за оние луѓе кои пијат повремено и при вечерните излегувања, а кои ретко претеруваат при пиењето, умерени дози на алкохол можат да имаат и позитивни ефекти. Во нашиот бучен свет, губењето на слухот предизвикано од звуците од околината, кои не можеме да ги контролираме, е проблем за кој мораме да бидеме свесни. Па, ако чашка вино или две на ден (а не повеќе) ни овозможи уште малку заштита против губењето на слухот, предизвикано од бучава, слободно можеме во ова задоволство да чувствуваме помалку грижа на совест.

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions