Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Како да го одржувате вашиот аудио процесор

Кога нешто секојдневно се користи, секогаш постои можност тоа да се амортизира. Но, со неколку мали трикови, ќе можете лесно да го одржувате вашиот аудио процесор во одлична состојба.

1.Не употребувајте сила

Употребата на сила, особено ако сте нервозни или брзате, може да го оштети вашиот аудио процесор. Доколку не работи, проверете го упатството за употреба или веднаш обратете се кај вашиот специјалист за помагала.  Сите информации во врска со процесорите и нивното користење можете да ги најдете на страниците за поддршка на MED-EL.

2.Бидете внимателни со кабелот

Доколку сте корисник на SONNET или OPUS 2 процесор, обидете се да не го вртите кабелот кога го поставувате магнетот на главата. Оштетените кабли се една од најчестите причини процесорот да прекине да функционира.

3.Не заборавајте да го промените капачето на микрофонот (Само за корисниците на SONNET)

Не заборавајте редовно да ги менувате капачињата на микрофонот. Капачето на микрофон треба да се менувате барем на секои три месеци или порано, доколку е нечисто или влијае на квалитетот на звукот.

4.Користете го вашиот комплет за сушење

Освен ако не сте корисник на RONDO 2, не пропуштајте секоја вечер да го ставите вашиот аудио процесор во комплетот за сушење. Одржувањето на процесорот да биде сув, значително го подобрува квалитетот на звукот.

5.Чувајте го вашиот процесор безбеден

Избегнувајте оштетување на аудио процесорот за време на каква било физичка активност. Постојат додатоци кои можат да ви помогнат да го фиксирате и заштитите вашиот процесор, на пример, специјални клипови и траки за глава.

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions