Јавете се веднаш на +389 2 307 60 61

Пролетни совети за подобар слух

 Доаѓањето на пролетта претставува големо освежување и предизвикува позитивно чувство кај сите. Се зголемуваат надворешните активности, уживањето во посвеж воздух, се почестите прошетките како и плановите за патувања во претстојниот летен период.

Но, кога имате оштетен слух, понекогаш сите овие активности ви претставуваат тешкотија и проблем ако се наоѓате надвор, опкружени со поголем број луѓе и бучава.

Губењето на слухот е многу честа појава. Околу 466 милиони луѓе во светот го доживуваат во некоја форма. Тоа доведува до изолација, фрустрација, а понекогаш дури и до депресија. За среќа, постојат голем број решенија со кои може да слушате и живеете подобро и поквалитетно.

Еве 3 пролетни совети за подобар слух:

1.Останете поврзани

Доколку имате оштетен слух, не се изолирајте од социјалните активности! Тоа може да биде штетно. Истражувањата покажуваат дека луѓето со оштетен слух имаат поголем ризик од намалување на когнитивните способности, но, ако останете социјално поврзани, тој ризик се намалува. Посетете ги вашите соседи, излезете со пријател за кафе или посетете социјален настан. Не дозволувајте загубата на слухот да ве спречи во поврзувањето со луѓето.

2.Излезете надвор

Кога последен пат сте излегле на прошетка?

Лесните вежби, како што е пешачењето, ја зголемуваат циркулацијата во телото, што е одлично за вашето срце, но и за вашите уши. Истражувањата покажуваат дека кардиоваскуларните болести и губењето на слухот кај возрасните луѓе честопати се поврзани. Кога сте активни, го одржувате вашето тело да биде силно и здраво.

3.Проверете ги вашите слушни помагала

Доколку подолго време не сте размислувале за тоа, би било добро да бидете сигурни дека вашите слушни помагала функционираат како што треба. Грижата за вашите слушни помагала ќе ви овозможи нивна подолготрајна употреба. Употреба на нови батерии, менување и чистење на додатоците, како и соодветно компјутерско подесување на вашето слушно помагало за претстојниот период, ќе ви овозможат полесно прилагодување и уживање во сите пролетни настани и активности.

 

Уживајте во пролетта!

 

Прилагодено според: https://www.associatesinhearing.com/3-ways-to-hear-better-this-spring/

FaLang translation system by Faboba

Copyright © 2016 Sluh 1 . All rights reserved.   developed by infinitysolutions